07 Мај 2024 - 15:35:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.03.2016 во 13:36:16

Ве молам за информација кога ќе бидат направени споредните улици кои ќе ги поврзат новите згради на 3-та македонска бригада карши Американ колеџ со булеварот, се соочуваме со проблем за пристап до нашите домови, возиме по тротоари, на земјени патишта со дупки и вода, иако сите надоместоци се платени од инвеститорите. Зградата е пуштена во употреба во 2014 година!!!! Исто така што се случува со осветлувањето, зградите се во мрак а истите се 90 % населени??? Кога ќе се започне со уредување на зелените површини помеѓу зградите, објектот е опкружен со кал и шут односно нема простор каде станарите можат да излезат и да се движат!

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

15.03.2016 во 15:17:09

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Согласно Планот и Програмата на ова одделение, во моментов се гради новопроектирана ул.4, а веднаш потоа ќе биде поставено и осветлувањето на овој потег. Кал и шут има затоа што во тек се градежни активности на овој потег. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by