07 Мај 2024 - 17:10:56

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.03.2016 во 08:38:22

Почитувани, кога ќе завршат градежните работи на реконструкција на ул.Методија Шаторов - Шарло? Состојбата пред зграда М.Ш.-Шарло бр.23 е многу лоша (кал, необезбедени шахти, опасности по луѓе и коли) и е резултат на непочитување на прописи од страна на изведувачот на реконструкцијата (обезбедено и оградено градилиште) и невнимание од страна на надлежните од општината Аеродром која пропушти да планира и/или со увид на лице место наложи обезбедување на резервен пат до гаражите, оградување и обезбедување на градилиште, оградување и обезбедување на оставената отворена шахта за атмосферска вода од страна на изведувачот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

15.03.2016 во 15:12:55

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека откако ќе се создадат временски услови за градба и откако ќе започнат со работа асфалтните бази градежните активности ќе продолжат. Градежните активности (ќе) се одвиваат согласно претходно одобрен градежен проект. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by