07 Мај 2024 - 10:42:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.03.2016 во 10:22:04

Почитувани Сакам да Ве известам за еден проблем со кој се соочуваме Ние жителите по текот на бул.Србија особено жителите во зградите во непосредна близина на истиот. Имено, во текот на денот но особено во подоцните вечерни часови на бул.Србија има зголемена циркулација на моторцикли кои со огромна брзина се движат по булеварот. Покрај безбедносната загрозеност на жителите од овој реон, огромен проблем претставува самата бучава на моторциклите кои Не будат нас жителите но особено нашите деца, со што не вознемируваат. Предлагаме да се постават ограничувачи на брзината од некаков тип и да се возобнови веќе поставениот НО И ВЕЌЕ УНИШТЕН дупли дрворед како еден вид на бариера и заштита од влијанијата од самиот булевар. Во МВР во неколку наврати сме се обраќале и сме ги известувале за нашиот проблем на што е постапено на начин што се поставени контроли, меѓутоа по заминувањето на контролата проблемот повторно се појавува. Очекуваме одговор Ви благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.03.2016 во 11:07:29

Почитувани, промената на режимот на сообраќајот на булеварите во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Тие заедно со сообраќајната полиција се задолжени за регулирање на сообраќајот на булеварите во нашиот град, а тоа значи и за Општина Аеродром.Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by