07 Мај 2024 - 15:56:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.03.2016 во 14:22:07

Почитувани, се јавувам во врска соуредувањето на комплексот кај последната автобуска станица на 5,15 и 35, т.е. уредување на детското игралиште. Не сум запознает со проектот и дали може да се направат некој измени по предлог. Би било добро да се разгледа можноста, дали може во тој дел на паркот да се изгради комплекс со водени канали и мостови како што ги има во Градски Парк ? Ако надлежните оценат дека е изводливо, би предложил една форма на спорт и рекреација која би можела да биде дадена на концесија, изнајмување на чамци за веслање , а каква пред 25-30г функционораше во Градски Парк. Патем да напоменам дека во новиот детскиот парк на улица Васко Карангелоски е направен систем на канали и мостови но каналите се тесни за примена како таа што беше во Градски Парк, а освен тоа таму е изведено луксузно решение со керамички плочки. Мислам дека може да се направи финансиски поскромно решение но функционално, а неопходното одржување на каналите и хигиената би го превземал концесионерот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.03.2016 во 12:56:10

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека идејата е за поздравување, ќе ја разгледаат и доколку постои можност истата ќе биде реализирана . Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by