08 Мај 2024 - 00:44:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.03.2016 во 12:27:59

Здраво јас сум жител на булевар Авној 24-3/10 во зградите карши салата Јане Сандански како и сите што живеат овде ние секоја сабота и кога имате митинзи доживуваме хорор филм немаме мир и паркинзи која е наголемата причина за поднесувањето на ова барање , како што знам ние од населбата кога одиме на кај општина центар за се плаќаме а ако не платиме пајак службата се гости со нашите возила. Би ве замолил да си побарате салата да си обезбеди паркинг како на пример катна гаража и за време на нивните манифестации полицијата да си ја врши работата и да не ги пушта луѓето да се паркираат на нашите паркинг места а ние да одиме да бараме место дури до лук оил.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.03.2016 во 10:14:24

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека на 10 посетители има по 1 паркинг место, согласно законските прописи. Воедно Ве известуваат дека секаде каде што се одржуваат спортски манифестации има сообраќаен метеж, за кој е одговорна сообраќајната полиција, па затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by