26 Април 2024 - 23:35:03

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.04.2016 во 10:23:57

Почитувани, Ве молиме искрено како нови станари во Реонскиот Центар Аеродром на ул,1612 и 1613 Во блокот на новите 7 згради црвено сиви, да испратите екипа и да видите во која состојба е блоковското зеленило кое беше пред една година засадено од инвеститорот на објектите.Со оглед на тоа треба да испратите лица од Општината и холтикултурно да го уредите блокот на новите згради во Општина Аеродром. Во деловоте на зградите има малку зелена површина но и таа е не уредена и оставена кал и остатоци од бетонски елементи. Ве молиме малку е потребно да го уредите просторот со Ваши екипи за хортикултура и зеленило. Расфрлани бекатон коцки искршени ивичњаци го грдеат ова место но сите се изземаат Ве молиме Вас НИЕ жителите на РЦ Аеродром да почнете со уредување на овој дел од Општината кој иако е нов, воопшто не изгледа така, лошо изведени улици .Шахти односно дупки, смет, не организирано поставување на контејнери, неисчистени улици..Па добро сехга гледам ќе фасадирате стари згради ,а кај нас не сакате да санирате бнеколку дупки и да посадите малку трева.Се надевам дека ќе се охрабрите и ќе го уредите Реонскиот Центар Аеродром Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

27.04.2016 во 10:30:34

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by