26 Април 2024 - 05:12:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

05.05.2016 во 13:30:11

Почитувани, се јавувам со проблемот со инсталациите на кабловските оператори. Имено со години сите водат инсталации по колективните станбени згради, најчесто и без одобрение а при тоа има најразлични оштетувања. Најново е водење на оптички кабли, по Т-хоме кој ги водеше пред 3-4 години сега ги води Близу, а наскоро ќе сака и Телекабел. Барам надлежните да превземат нешто за рационализација на водењето кабли, т.е. во влезовите да има само ЕДНА оптичка кабелска мрежа а која ќе ја користат сите. Ако веќе има изведено развод со оптички кабли во влез од еден оператор, нека се определи разумен надомест и истиот да го користат и останатите оператори, т.е. надворешните ормарчиња на сите операторите да бидат во близина и поврзувањето со некој стан да биде надвор, нешто слично како е со кабловскиот развод во новите зггради . Да напоменам дека кај новите згради нема оптички кабли, само обични.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

06.05.2016 во 15:12:39

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by