26 Април 2024 - 23:42:54

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.06.2016 во 20:18:42

До Општина Аеродром Предмет: Барање за воведување Зонско Паркирање D – зона на локација Општина Аеродром, Стамбени згради бул. Јане Сандански бр 12 и бр.10 Почитувани! Пред одреден период како Станар во Општина Аеродром се обратив до Вас за проблемот Паркинг Простор на адресата на која живеам. Од Ваша страна ми беше сугерирано да се обратам до Градски Паркинг како институција за решавање на нашиот проблем. Се обратив до Градски Паркинг но процедурата на која ме посочија е преголема и на прв поглед неостварлива. Од Градски Паркинг беше посочено за собирање на потписи за согласност од сите станари и тогаш би се разгледувала можноста за средување на паркинг просторот. Вкупно станари на оваа локација се 190 станови, каде е неможно да се соберат потписи од секого. Становите кога се купуваа со обезбеден паркинг простор. Но сега просторот е веќе загрзен од возила кои не треба да се паркираат подолг временски период на овој простор Како станар во општина Аеродром со живење во стамбена зграда за која е обезбедено паркинг простор и со сегашната нова инфраструктура, со изградување на нови стамбени згради кои имаат сопствен паркинг простор, ние како станари од стамбени згради бул. Јане Сандански бр12 и бр.10 се наоѓаме во нерамноправна положба и поради тоа се обраѓаме до Вас. Како станари од стамбени згради бул. Јане Сандански бр12 и бр.10 во временски период од една година сме загрозени од паркирање на возила од граѓани кои не живеат на овие две адреси. Најчесто сме загрозени од: 1. Граѓани кои ги користат кафиќите и слаткарниците на спротивниот дел од булеварот ( Слаткарницата Палма) каде во тој дел е зонско паркирање и гостите паркираат на оваа локација, поради избегнување на плаќањето на зонското паркирање. 2. Граѓани кои користат спортување на кејот на Вардар и поради бесплатниот паркинг ги паркираат своите возила на овој паркинг. 3. Граѓани кои во 2015-2016г. купија станови во новите згради на Адора и Голден Арт каде за нив инвеститорот има планирано паркинг место но поради цената која за едно паркинг место ги чини од 2000-4000 евра, поедноставно им е да се паркираат на паркингот кој по Градски план е предвиден за станарите од Јане Сандански 12 и Јане Сандански 10. Стамбената зграда Јане Сандански бр 12 се состои од 6-ст влеза и Стамбената зграда Јане Сандански бр 10 се состои од 2-ва влеза. Вкупно станови на овие две адреси се 190 стана. Предвидените паркинг места во периодот пред 2014 година ги задоволуваа потребите на станарите од овие две адреси и истите се паркиравме на одбележаните паркинг места: 1. Одбележани паркинг места до оградата на Детската градинка: 2. Одбележани паркинг места пред влезовите на Зградите 12/1, 12/2, 12/3 и 10/1: 3. Одбележани паркинг места бочно од зградата Јане Сандански 10: 4. Одбележани паркинг места позади зградата Јане Сандански 10 и пред влезот од Јане Санданки 12, 6-ти влез ( од левата страна од паркинг просторот) 5. Одбележани паркинг места позади зградата Јане Сандански 10 во просторот кај трансорматорот: Како лојални граѓани на општина Аеродром-Скопје, кои освен овие паркинг места немаме друга можност за паркирање на сопствените возила, Ве замолуваме во најбрз можен рок нашиот проблем да го разгледате и како таков Вие како Општина и Градски Паркинг да ни излезете во пресрет и да ни се овозможи Зонско Паркирање – ЗОНА D каде како станари сме согласни за почитување на општите правила за паркирање на оваа зона. Доколку сметате дека нашето барање може да се реши на друг начин, а повторно регулирање на паркинг просторот за станарите. Однапред Ви Благодариме: Контакт лице: Сашко Ѓорѓиев ( Станар Јане Сандански 12/4/19) Тел: 070-39-05-38 Е-мајл: saskogeorgiev@gmail.com

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

08.06.2016 во 15:54:49

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение, како и до нашето оделение за односи со јавност. Од таму Ве информираат дека општината ќе спроведе анкетирање на граѓаните кои живеат на овој потег и доколку поголемиот број на граѓани се согласни за воведување на зонско паркирање, истото ќе биде реализирано. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by