26 Април 2024 - 15:51:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.06.2016 во 22:44:36

Почитувана општино, ќе се дрзнам да ви пишам во името од кулите 13 и 15 на улица Владимир Комаров за еден голем проблем што се појави во последниве два месеци... Имено кафаната МОЈА КУЌА смени газда а со тоа го донесе и најголемиот простотилак досега во Острово, секоја вечер со жива музика и со огромно надминување на децибелите нарушуваат мир во населбата - за ова треба да дојдете и да измерите, во случај ако не сте одговорни вие за оваа работа тогаш сигурна сум дека сте одговорни за тоа што пешачката патека од бекатонки пред самата кафана е КОМПЛЕТНО УЗУРПИРАНА И БЛОКИРАНА со возила баш од овие башибозуци и простаци. Патеката е доста користена посебно во попладневните часови и има голем проблем посебно кога мајки со детски колички треба да поминат, повелете пробајте па сами ќе се уверите. Истата кафана на самиот влез на паркингот на јавна бандера си постави и табла со реклама, незнам дали е законски мада и чисто сумљам но ве молиме да направите се што е во ваши ингеренции и заедно да направиме нешто да се вразумат "големиве газди". Пријатно и се надеваме на одговор но уште повеќе на делување од ваша страна со конктертни мерки.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.06.2016 во 14:45:21

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Контакт телефон на дежурен комунален редар 075/316-515. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by