22.06.2016 во 20:34:55
Почитувани, Ви пишувам во врска со посетата на две анкетарки на општината што беа заинтересирани за задоволството на граѓаните од работата на градоначалникот, за проблемите во општината и можни решенија за истите. Освен проблемот со осветлувањето и средувањето на делот под железничкиот мост (не сум сигурна во чија надлежност е ова, но сепак ја споменав затоа што не се чувствувам безбедна да се движам во тој дел ноќе), заборавив да споменам дека ситуацијата со паркинг е хаотична на Венјамин Мачуковски. Со новите згради (и новите возила на станарите) речиси е невозможно да се разминеш на оваа улица. Не знам дали е возможно, ама можеби е добра идеја улицата да биде еднонасочна. За крај, ја поздравувам иницијативата на општината и интересот што го покажува за проблемите на граѓаните. Се надевам барем некои од тие проблеми ќе добијат разрешница. Срдечен поздрав, Елена
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато