27 Април 2024 - 06:46:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.07.2016 во 11:53:42

Ве молам да се најде решение за контејнерите околу зградите на Владимир Комаров 27 и останатите. Има прилично контејнери и секогаш околу нив личи на отпад. Сликата е страшна, ѓубре на сите страни, ГРОЗНО, на човек да му се слоши да пријде да фрли ѓубре. Тревникот ако воопшто може да се нарече така е полн со ѓубре, срчи и што се не. Оваа слика се повторува со години, сметам дека е крајно време да се најде некое решение, дали ќе се поплочи тој дел, дали нешто друго, но крајно време е тој дел да заличи на нешто. Штета што не може да се праќаат слики па да видевте на што личи тоа. Ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

03.08.2016 во 09:31:55

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за контејнерите да се обратите до ЈП „Комунална хигиена“, бидејќи тие се надлежни за сите контејнери во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by