27 Април 2024 - 03:44:25

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.10.2016 во 15:49:09

Почитувани, Со оглед на очигледното непочитување на стандардите и условите во кои се изведуваат градежните активности во градскиот реон на општината, го упатувам ова барање со следното прашање: - Дали во рамки на вашите надлежности е и контролата на начинот на кои се извршуваат активностите при градба на објектите во општината и дали се почитуваат законските стандарди за заштита и одржување на чистата животна средина, а доколкју не е, да посочите во чија надлежност е таквата инспекција; - Дали во рамки на вашите надлежности е и контролата на правилното и законито користење на јавната градска површина од разни изведувачи на градежни активности, и санкционирањето на нејзиното незаконско и недозволено узурпирање при реализирањето на градежните активности; Сето ова е поради фактот што, со своите градежни активности при изградбата на колективни станбени згради во општината, повеќето субјекти незаконски узурпираат и оградуваат простор, со што го ограничуваат нормалното функционирање на секојдневните активности на граѓаните-жителите на општината (ограничување на нормалното движење, отстранување на контејњерите наменети за оставање на сметот и нивно дислоцирање на многу оддалечени места, узурпирање на паркинг пшросторите за жителите на постојните станбени објекти и т.н.) Сметам дека обврска е на општината да се грижи за нормално функционирање на животот во средината каде што има жители со попреченост и ограничени можности за движење, деца и возрасни лица кои имаат неопходна потреба секојдневно да излезат од објектот каде живеат и да прошетаат во здрава и чиста средина без ограничувања. Со надеж дека овоој допис ќе допринесе за пробудување на свеста на тие чие една од битните обврски е грижа за здрава и чиста животна средина во која сите ние го поминуваме нашето градско секојдневие. Со почит, Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

26.10.2016 во 16:06:13

Почитувани, Ви благодариме што се обративте со забелешки и сугестии за зачувување на животната средина, која за Општина Аеродром претставува еден од главните приоритети. Би сакале да посочиме дека за сите градежни активности кои се одвиваат на територијата на Општина Аеродром е ангажирана фирма која го врши надзорот и постапува согласно законските прописи доколку не се почитуваат обврските. Исто така, Општина Аеродром има и инспекциски служби кои ги контролираат активностите на терен и ги опоменуваат, односно казнуваат лицата и фирмите кои узурпираат јавни површини. Ви благодариме што го користевте Граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by